Камионџија почина на паркинг во Гази Баба - застанал поради дефект
51-годишен возач на камион од Србија вчеравечер е пронајден починат на паркинг во скопската населба Гази Баба, каде застанал поради дефект на камионот, соопшти МВР.
„На 27.02.2025 во 22.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20:30 часот на паркинг-простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа