Медведев: Зеленски доби „жесток ќотек“ од Трамп
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и лидер на владејачката партија Единствена Русија, реагираше на денешниот судир во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Жесток ќотек во Овалната соба, напиша Медведев, коментирајќи ја средбата на Зеленски со Трамп на неговиот канал на Телеграм, пренесоа руските медиуми.
Поранешниот претседател на Русија изјави дека американската воена помош за Украина сега мора да престане.
28.02.2025 - 22:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа