Се договориле да му плати во болница за повредите, но не платил - тешко повреден скопјанец после 16 дена пријавил сообраќајка

 


Вчера околу 13:00 часот во СВР Скопје, Џ.Ш.(20) од Скопје пријавил дека на 01.09.2025 околу 11:30 часот на подрачје на Шуто Оризари во Скопје учествувал во сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет, кој го управувал пријавителот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Со возачот на патничкото возило се договорил да му плати за повредите за во болница, но тој не му платил и затоа со задоцнување го пријавува настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

17.09.2025 - 14:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега