Татко случајно го прегазил својот 16-месечен син во Брчко

 


Дете почина и покрај напорите на здравствените работници во Брчко.

Татко случајно го прегазил својот шеснаесетмесечен син со своето возило.

Детето, кое со повреди го донел неговиот татко во Здравствениот дом Брчко, починало и покрај сите напори на здравствените работници, потврди портпаролот на оваа јавна здравствена установа, Сеад Шадиќ.

Полицијата на округот Брчко претходно објави дека вчера околу 10 часот биле известени од Здравствениот дом дека таткото го донел детето во многу тешка состојба и дека се обидуваат да го реанимираат, пренесува Srpskainfo.

Според мештаните, станува збор за семејна трагедија во хуманитарната населба Церик, во која таткото, додека го возел автомобилот наназад, ненамерно го прегазил својот шеснаесетмесечен син.

„Полицијата веднаш излегла на местото на настанот по пријавата и презела сите мерки и дејствија во рамките на нејзината надлежност за утврдување на околностите на овој настан“, изјави портпаролката на полицијата Џевида Хукичевиќ.

17.09.2025 - 16:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега