Обвинителството и МВР извршија увид на пожарот во Трубарево

 


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија се преземаа како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација. Беше извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.

Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија на терен се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката. Таму ќе продолжат да се вршат дополнителни мерења на загадувањето од Министерството за животна средина, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата.

Исто така, се уште на лице место е стационирана и противпожарна екипа, бидејќи на дел од локацијата и понатаму се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување. Обвинителството и истражните органи продолжуваат да преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот.

17.09.2025 - 13:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега