Претепана скопјанка однесена во болница - ја нападнала жена пред ресторан
Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со телесни повреди е донесена Е.Б.(84) од Скопје.
Со неа е извршен службен разговор и констатирано е дека со повредите се здобила околу 10:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, каде била физички нападната од едно женско лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
17.09.2025 - 16:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа