Полицијата приведе двајца кумановци - при претрес пронајдена дрога

Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.В.(26) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
Исто така вчера во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.С. (53) од село Биљановце, кумановско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е бела прашкаста материја.
Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
17.09.2025 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа