Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна
Американскиот претседател Доналд Трамп за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека разговарал со Владимир Путин „пред неколку дена“, додавајќи дека верува оти рускиот претседател сака да направи договор за ставање крај на војната во Украина.
Во последните недели имаше телефонски разговор меѓу Трамп и рускиот претседател, како и средби меѓу американски и руски претставници во Саудиска Арабија и Турција.
Во Овалната соба, Трамп изјави пред новинарите: „Јас не сум сојузник со Путин“, додавајќи дека тој е сојузник со САД и добрата иднина на светот.
Но, Трамп рече дека е „и за Украина и за Русија“.
Според новинарските извештаи, Зеленски, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и Трамп имаа тензична размена на мислења, пишува „Индекс.хр“.
Трамп потоа вели дека украинскиот лидер „Се коцка со Трета светска војна“.
На крајот, Трамп му рекол на Зеленски дека не е благодарен и додал: „Ова ќе биде одлична тв програма“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа