Србин пронајден починат на паркинг во Скопје, застанал поради дефект на возилото
Вчера во 22:00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 20.30 часот на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба бил пронајден починат З.Ѓ.(51) од Република Србија, кој претходно застанал поради дефект на товарното возило со српски национални ознаки, кое го управувал.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
28.02.2025 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа