Инцидент во скопско училиште: Родители нападнале наставничка за време на час, подоцна и во канцеларија

 


Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.

МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.02.2025 - 16:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега