За Шпанскиот амбасадор Мицкоски е пример за едноставност и нормалност, ги минал аеродромските формалности како и секој друг патник
Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Соријано Ортиз, на социјалните мрежи, изрази изненаденост откако при патување од Скопскиот аеродром, забележал дека премиерот Христијан Мицкоски ги минува сите аеродромски формалности како и сите други патници.
Ортиз вели дека премиерот без никакви привилегии ја поминал контролата, чекал ред за чекирање и ги почитувал сите процедури како другите патници.
Во објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го посочи овој момент како пример за едноставност и нормалност во однесувањето на високите функционери.
„Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски, кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво!”, напиша вчера амбасадорот.
Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот @MickoskiHM кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво! @TimcoMucunski @VladaMK @NMvesti @MIA_NEWS
— Rafael Soriano Ortiz (@RafaSorianoO) February 28, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа