Ужас во Струмица: 53-годишник во подрум силувал малолетно лице со пречки во развојот

Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.

Како што соопштија од СВР Струмица, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.

Лицето било задржано во Полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

19.07.2024 - 16:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега