Муцунски и Момировиќ разговараа за зголемување на трговската размена


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше дел од владината делегација која престојува во работна посета на Република Србија. Во рамките на посетата, делегацијата оствари одвоени средби со претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ и министерот за внатрешна и надворешна трговија, Тома Момировиќ.

Централен фокус на двете средби беше потврдата на одличните пријателски и билатерални односи помеѓу двете земји, плодната соработка во различни области, како и континуираниот политички дијалог без отворени прашања.

На средбата со претседателката на српскиот парламент, министерот Муцински се заблагодари за поддршката кој Република Северна Македонија ја доби во гасењето на неодамнешните шумски пожари, притоа истакна дека овој пријателски чин претставува уште еден доказ за солидарноста и меѓусебната поддршка меѓу двете земји.

Во рамките на разговорите, министерот Муцунски ја најави и новата фаза во културната соработка помеѓу двете земји, која ќе започне со отворањето на Културно-информативниот центар (КИЦ) во Белград.

Овој центар ќе ги збогати културните врски меѓу двете земји и ќе работи на активна промоција на македонската култура во Србија.“, потенцираше Муцунски.

На средбата со министерот Момировиќ, беа нагласени одличните економски односи помеѓу двете земји кои во иднина треба и дополнително да се надградуваат. Воедно, со оглед на новите надлежности на министерството за надворешни работи и трговија, на средбата беа разменети корисни искуства и заложби за зајакнување на трговските врски и културната соработка.

04.09.2024 - 19:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега