Европа на удар од циклонот Борис – илјадници луѓе без струја, почна евакуација

 

Европа е на удар од циклонот Борис.

Во Австрија граѓаните се подготвуваат со вреќи со песок, во Чешка се испразнети резервоарите за вода, а во Полска се очекуваат поплави, додека метеоролозите предупредуваа со денови на потенцијално катастрофални врнежи.

Чешкиот „Блеск“ пишува дека пожарникарите во Брно преку поплавениот мост евакуирале 125 луѓе, од кои повеќето студенти. Во Прага ќе биде забрането движењето на бродови на Влтава и продолжува изградбата на бариери.

„Обилниот дожд резултираше со голем број откорнати дрвја кои паднаа на патиштата. Пожарникарите во Злинско имале 40 интервенции“, пренесува Блеск, наведувајќи дека интервенции имало и поради прокиснување на покривите, а испумпувале и вода од куќите.

„Кронен цајтунг“ пишува дека поради силниот дожд дури и жителите на Хадерсдорф во Долна Австрија во петокот морале да ги напуштат своите домови, пренесува Телеграф.

 
14.09.2024 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега