Кавадарци: Полицијата фати семејство додека крадеа од нива

Полицијата вчера приведе три лица од Кавадарци поради кражба од нива, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа. 

По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

15.09.2024 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега