Поплави во Европа: Во Полска пукна брана, настрада едно лице

Циклонот Борис предизвика поројни поплави низ Европа, а ситуацијата сега е на критично ниво.

Браната во југозападна Полска попушти под силните поплави по обилните дождови, додека Чешка и делови од Австрија сè уште се справуваат со невремето што ја погоди централна и источна Европа.

Локалните власти во општината во Долна Шлезија соопштија дека браната пукнала и покрај напорите да се пренасочи водата и да се спречи поплава. Регионалната управа за води во Вроцлав ја опиша ситуацијата како критична, поради што селата во пониските региони беа евакуирани.

Едно лице се удави, а 1.600 луѓе се евакуирани во во југозападна Полска.

Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува дека водата речиси стигнува до првиот кат од зграда во Полска.

 
15.09.2024 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега