Георгиевски по вчерашниот пожар: Го поништив ДУП-от за Расадник - таму може само да садат пипер

По вчерашниот пожар во Расадник, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во изјава за весникот ВЕЧЕР, нагласи дека се неосновани сомнежите дека теренот е запален за на него да никнат згради со оглед на тоа што, како што рече, таму нема услови за градење и нема донесен детален урбанистички план.

– Таму единствено можат да се садат градинарски култури. Го поништив ДУП-от, според кој требаше да се градат 99 згради и јас сум првиот во независна Македонија што распишал меѓународен конкурс за заедно со граѓаните да се креира ликот на „Расадник“. Така што ниту еден пожар ниту каква било непогода може да влијаат на мојата намера граѓаните, заедно со експертите, да го креираат и да го изберат новиот ДУП. Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини. Јас стојам заедно до интересите на граѓаните – дециден е Ѓорѓиевски.

04.09.2024 - 15:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега