Тешко повредена малолетничка при судир на скутер и автомобил во Битола


Вчера во 07.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„Игњат Атанасовски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен Ц4“ со австриски национални ознаки, управувано од П.Ј.(54) од Република Австрија, со престој во Битола и скутер со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

04.09.2024 - 20:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега