Тетово: И ветиле туѓа нега ако даде 500 евра - ги земале парите и го прекинале контактот

 


Вчера во 15:15 часот во СВР Тетово, 59-годишна жена од тетовско село пријави дека била измамена од Х.„Н“ од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра.

Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош - туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра.

Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето, Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

17.09.2025 - 14:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега