Ќе нема струја цел ден - ЕВН најави ислкучувања во неколку општини

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром.
Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ - крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а од 09 до 15 часот, корисниците од ул. Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче во општина Аеродром, како и дел од корисниците лоцирани околу ул. Брсјачка Буна бр. 163. во општина Шуто Оризари.
17.09.2025 - 09:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








