ФОТО: Девојките лудуваа по него, беше голема надеж на „Гранд“ а оддеднаш го снема од естрадата
Од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ популарни станаа неколу пејачи, меѓу кои и Дарко Филиповиќ кој беше еден од финалистите во натпреварот.
Многумина би помислиле дека Дарко се повлече од свената , но тоа не е точно тој се уште работи со полна пареа, но наместо нова песна парите ги вложува во недвижности.
„Му замеруваат што со години нема нова песна, за разлика од своите колеги, но многу од нив и понатака се подстанари некаде, а за разлика од нив Дарко има три стана во Белград, а неодамна купил и два во Грција на море“ раскажал извор близок до пејачот.
Истата информација ја потврдил и самиот пејач.
„Точно е дека купив два апартмани кои се на оддалеченост на 15 километри од Солун, баш само што се вратив од Грција пред неколку дена, ги средував документите за имотот“ рекол тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа