Осум лица ќе останат без пари: Се шетале по шуми иако има целосна забрана за движење - ги фати полицијата

 

На 12.07.2025 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во шумски предели на подрачје на Струмица биле преземени мерки и активности со цел утврдување дали од страна на граѓаните се почитува донесената одлука за целосна забрана за движење во шуми, која стапи на сила на 01.07.2025 година, а ќе трае до 31.08.2025 година.

При контролата биле откриени осум лица кои се движеле во шумски предели, а притоа не поседувале одобрение за движење во шуми, издадено од ЈП „Национални шуми“.

За преземените мерки од страна на СВР Струмица е известена Шумската полиција Струмица, која е надлежна за понатамошно поведување на постапка против лицата, согласно член 57 став 3 од Законот за шуми.

13.07.2025 - 11:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега