ВМРО-ДПМНЕ: Водиме 5 спрема 1 кон СДС на анкетите, ама не се опуштаме
Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот во енергетиката, дигитализацијата, се дел од чекорите кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка, велат утрово од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција испратена до медиумите.
Во вчерашната анкета на МКД.мк, спроведена од 20 јуни до 4 јули, се гледа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС, или во бројки разлика од 5 спрема 1.
Граѓаните даваат апсолутно поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 23,8%, додека пак за СДС само 5,1%. Дополнително, од сите оние кои се изјасниле дека ќе гласаат на наредните избори, бројката се искачува на 52,8%, додека пак за СДС би гласале 11,3%.
Во однос на тоа на кој политичар најмногу му веруваат, граѓаните односно 26,9% се изјасниле дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е човек на кого треба најмногу да му се верува. Нашиот најголем опонент, односно претседателот на СДС, Филипче има рејтинг од само 4,7%, или скоро 7 спрема 1.
Кај граѓаните се зголемила довербата дека државата оди во правилна насока, што ни дава поттик да работиме и градиме повеќе во нивен интерес.
Ние нема да се опуштиме на овие бројки, туку напротив оваа поддршка на граѓаните за нас е одговорност да работиме уште повеќе и да ги градиме темелите на промените!, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа