Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство

 

Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство, покажуав најновата анкета, пренесува мкд.мк. Анкетирањето беше спроведено од 20 јуни до 4 јули 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Меѓу лидерите на политичките партии, Христијан Мицкоски има најголема доверба кај граѓаните.Од албанскиот политички блок со највисок процент на доверба и натаму е лидерот на ДУИ, Али Ахмети (6%). Венко Филипче како претседател на СДСМ е на третото место со доверба од 4,7%. Претседателите на партиите од коалицијата Вреди, Изет Меџити и Билал Касами имаат по близу 2 проценти, а Африм Гаши има 1%.  Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Максим Димитриевски и Димитар Апасиев се изедначени со по 3%.

 

Од политичките партии, слично како и кај лидерите, предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред опозициските партии е убедлива. Дури 23,8% од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

12.07.2025 - 13:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега