Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

 

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп. Според засега неофицијални информации драмата се одвивала вчера за време на семејна веселба.

Меѓу убиените, според неофицијални информации, има и дете. Убиецот, кој инаку бил вујко на таткото на детето, се самоубил.

Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.

13.07.2025 - 08:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега