Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат

 

Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска.

-Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам, одгвоори кусо Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.

Арсовска вчера информира дека при увид и инспекциска контрола на дивоградба во Општината Чаир, била нападната, прво вербално, а потоа и физички, пред припадници на МВР.

Синоќа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во нападот имало физички контакт, но, дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

12.07.2025 - 11:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега