Не фрлајте многу пари во маркет: Направете Велигденска пченица дома
Велигденскиот пост веќе започна, а нареден месец е Велигден.
На секоја велигденска трпеза има велигденска трева, која е најпознатата декорација за празникот. Овен што ја има по маркетите, може да се направи и дома, за д ане давате многу пари.
Ви требаат памук, неколку зрна пченица и модли по избор.
Се зема модла како капаче од шише, или некое канче или чинивче, па се зема памук со иста големина и се обложува, а потоа убаво се тапка.
Се додава вода само колку да се намокри памукот.
Се ставаат зрната, колку повеќе, толку погуста трева.
Се чува во просторија со собна температура.
24.03.2019 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа