Уапсени три лица во Демир Хисар за измама: Продавале лажни брендирани предмети за злато и пари
Вчера во 15.30 часот во с.Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.Р.(26), Г.М.(47) И Г.Г.(26), сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик.
Имено, тие во с.Слоештица, демирхисарко, довеле во заблуда неколку жители и им продале наводно брендирани предмети за домаќинство, кои пак за возврат им дале златен накит и парични средства.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
17.07.2025 - 15:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа