Полицијата му влезе дома - по извршениот претрес 32-годишен стружанец заврши со лисици на рацете
Вчера во 16.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода В.Г.(32) од Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
17.07.2025 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа