Кузеска: Тошковски сака да ја партизира и уништи полицијата

 


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција ги критикуваше предложените измени на Законот за полиција од страна на министерот Панче Тошковски, обвинувајќи го за обид да ја партизира и уништи професионалноста на полицијата.

 

Кузеска истакна дека со предложените измени, Тошковски директно удира врз кариерниот систем, го понижува знаењето и искуството и отвора врати за масовно вработување на партиски војници и послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа ги наведе следниве клучни точки од предложените измени:

  • Член 2: Предвидува поставување на луѓе со несоодветно образование и без искуство на раководна позиција за највисоките позиции, со што се деградира полицијата.

  • Член 4: Се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР, овозможувајќи таа позиција да ја добие „било кој што ќе го избере Тошковски“.

  • Член 6: Се укинуваат Регионалните центри за гранични работи и се припојуваат кон СВР, што е спротивно на европските стандарди за контрола на границите и препораките на ЕУ за безбедност.

  • Член 12: Се овозможува податоците во евиденциите да се бришат по 60 години, наместо трајно, што, според СДСМ, отвора простор за манипулации и бришење траги за злоупотреби.

  • Член 15: Се подига возраста за вработување на 30 години, со што се отвора простор за вработување на партиски кадри, а не млади професионалци.

  • Бришење на член 19: Се отвора можност луѓе кои се осудени и со забрани за работа да останат во полицијата и да бидат амнестирани од одговорност.

 

„Ова е смислен и опасен план на ВМРО-ДПМНЕ да го уништи кариерниот систем, да ја претвори полицијата во партиска милиција и да обезбеди амнестија за нивниот криминал“, истакна Кузеска.

СДСМ бара овие измени веднаш да се повлечат и апелира институциите да останат во служба на граѓаните, а не на партијата.

„Полицијата мора да остане професионална, со јасни критериуми, со знаење и искуство, а не со партиска книшка. СДСМ нема да дозволи уништување на полицијата и легализација на беззаконието“, заклучи Кузеска.

17.07.2025 - 12:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега