Среде ноќ избувна пожар во скопско училиште - повреден еден пожарникар

 


Денеска во 03.27 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ракотинци, скопско, настанал пожар во стариот објект на основното училиште.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар, кој е пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на настанот. 

17.07.2025 - 14:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега