Груевски: СДСМ и СОРОС планираат безредие и хаос за да избегаат од избори
Интересот на СДСМ е во земјата да има анархија, безредие и хаос. Но, тоа не е интерес на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. Наш заеднички интерес е земјата да оди напред, демократијата да функционира, одлуките на слободни и фер избори да ги ностат граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.
-Сакам да ве информирам, дека СДСМ заедно со соросовите здруженија и нво и онака планираа овие денови да прават протести секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори. Тоа беше планиранат нивна политичка кампања. Тоа беше нивната стратегија. Сега само малку ќе ја видозменат реториката, искористувајки ја одлуката на претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите, и ќе го прават она што го планираа. Деструкција, говор на омрза, истурање гнев, насилства, хаос, криза сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги со кои сакаат да го покријат немањето подршка од граѓаните, кое главно се должи на нивната безидејност и деструкција, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа