Проданоски: Имплементацијата на системот „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема сообраќајна култура

 

Во вечерашното издание не поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Дејан Проданоски кој дискутираше на тема поврзана со законските регулативи за зајакнување на безбедноста во сообраќајот, кои мерки се преземаат со цел намалување на сообраќајните несреќи, притоа стави акцент и на своите размислување за тоа како да се подобри безбедноста во сообраќајот.

Најпрво пратеникот Проданоски, даде свое видување во однос на состојбите со сообраќајот, кои чекори можат да придонесат кон смалување на бројот на сообраќајни прекршоци, со оглед на тоа што се регистрирани преку 19 илјади прекршоци изминатите три години, но и за влијанието на законот и ригорозните мерки врз сето тоа.

„Од она што и слушнавме и од она што го знаеме и како пратеници и како граѓани е дека навистина имаме и ригорозни закони коишто влијаат врз подобрување на безбедноста во сообраќајот и не е еден закон, туку неколку закони, Кривичниот закон, Законот за безбедност во патниот сообраќај и Законот за прекршоци, сите тие влијаат на некој начин да се подобри состојбата“, вели Проданоски.

Во поткастот пратеникот наведе дека треба да биде казниво се што е поврзано со сообраќајните прекршоци, дека секоја неказнивост дава можност за повторување на прекршокот, исто така истакна и дека токму имплементацијата на системот „Безбеден град“ како приоритет на МВР, ќе помогне во тоа да се подобри сообраќајната култура во државата.

„На ова гледам дека со исклучувањето на човечкиот фактор односно со воведувањето на системите на „Безбеден град“Еве сега во најава за вклучување на системот „Безбеден град“ во главниот град, а понатаму слушнав денес и навистина тоа сум среќен како човек, да се прошири на територијата на целата држава и од безбеден град Скопје и безбедни градови во Република Македонија да станеме безбедна држава. Системите коишто се во најава да се воспостават, ќе направат јасна дистинкција ако сте направиле прекршок мора да бидете санкционирани“, рече Проданоски.

Пратеникот Проданоски истакна кои фактори имаат влијание врз безбедноста во сообраќајот, притоа наведувајќи дека се преземаат конкретни чекори во таа насока со вложување во инфраструктурата, со осветлување на клучките и пешачките премини, исто така додаде дека возачите треба да ги почитуваат зоните на смирен сообраќај, а во однос на образованието да се зголемат часовите на техничко образование.

„Неколку сегменти или неколку фактори се значајни за подобрување на безбедноста во сообраќајот и тоа е генералната безбедност, инфраструктурата и однесувањето на возачите во сообраќајот, во овие можеме да ги разгледуваме и детално. Во однос на безбедноста, ние еве како држава почнавме со големи чекори напред, подобрување на инфраструктурата е еден од главните предуслови за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Јас доаѓам од Пелагонија од општина Прилеп, каде што еве во најава пуштена е една делница од експресниот пат Градско-Прилеп, се очекува до крајот на март да се пушти и комплетно дваесет и осум километарско подобрување на патната инфраструктура“, истакна Проданоски.

07.02.2025 - 20:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега