Драма во Кавадарци: Пијан возач дивеел по улиците, не застанал на знак на полицијата

 


Ноќеска во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А  од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.

 

14.04.2025 - 14:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега