Посебен сообраќаен режим утре во Скопје: Двата клуба ќе играат за Кочани
СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.
Утре од 20 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра хуманитарниот меч меѓу Вардар и Црвена Звезда.
Двата клуба ќе играат за Кочани, а целиот приход од играта ќе биде насочен кон семејствата на загинатите во страшната несреќа.
На Арената ќе присуствуваат и повеќе легенди на Црвена звезда, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…
Фудбалерите на Ѕвезда, како што најавија од клубот, претходно ќе се дружат со навивачите во фан зоната од 17 до 19 часот.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа