МВР потврди за апсењето полицајци: На терен сме - доставивме кривична пријава

 

Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава.

Повеќе информации во текот на утрешниот ден, соопштија предмалку од МВР за Пресс24 а во врска со апсењето на 7 полициски службеници осомничени за несреќата во дискотеката Пулс во Кочани.

 Во однос на полициските службеници кои биле ноќта, јавниот обвинител Коцевски вечерва во гостување на ТВ Телма кажа дека, „јавното обвинителствот сè уште собира докази зошто отишле, по чиј налог, што презеле и кога се случил пожарот“.

„Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител,а потоа иј пред судија на претходна постапка“, истакна Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

15.04.2025 - 20:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега