Јавниот обвинител: Еве ми јавија - уапсени се уште седум полицајци за несреќата во Кочани

 

Објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат ина локалната самоуправа, бил познат и на сите надлежни институции кои ѓто требало да функционираат, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Што значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот“, рече Коцевски.

Во однос на полициските службеници кои биле ноќта, додаде Коцевски, „јавното обвинителствот сè уште собира докази зошто отишле, по чиј налог, што презеле и кога се случил пожарот“.

„Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител,а потоа иј пред судија на претходна постапка“, истакна Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

15.04.2025 - 19:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега