Зимата не се откажува - Температури под нула низ Македонија

 

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -5 степени. Второ место на листата на најстудени места утрово низ Македонија е Крушево со измерени -4 степени. 

-3 во Битола, Маврови Анови, -2 во Прилеп, -1 во Берово и Кавадарци, 0 во Крива Паланка, 1 во Тетово, Охрид, Претор и Виница, 2 во Струмица и Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Штип, 4 во Скопје-Петровец, во Демир Капија и Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 33 на Попова Шапка, 12 во Маврови Анови, 1 во Крива Паланка, Берово.

13.02.2025 - 08:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега