Земјотрес ја погоди Хрватска
Земјотрес со интензитет од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 09:48 часот во Хрватска.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 11 километри од Задар и 108 километри од Сплит.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 16 километри под површината на земјата.
Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
10.06.2025 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа