Зеленски вели дека односите со САД може да се подобрат и покрај жестокиот разговор во Белата куќа
Претседателот на Украина Володомир Зеленски смета дека односите со САД може да се спасат, и покрај тоа што вчера имаше остра дебата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, со што ги наруши надежите за ставање крај на војната во Украина.
Вчерашната средба заврши жестоко во многу напната атмосфера и размена на остри збовори, по што Зеленски брзо си замина, а Трамп го обвини дека „не ги почитува САД и дека може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
Зеленски го напушти Вашингтон без да го потпише договорот за минерали, а викендот го очекува средба во Лондон на средба со европските лидери.
Американскиот државен секретар Марко Рубио подоцна го повика Зеленски да се извини што средбата во Белата куќа се претвори во „фијаско“.
Зеленски по средбата само се заблагадори за поддршката, не прецизирајќи го состанокот со Трамп кој привлече огромно внимание во светската јавност.
„Ти благодарам Америка, ти благодарам за поддршката, ти благодарам аз оваа посета“, напиша Зеленски на „Икс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа