Зеленски: Украина нема да ја признае американската помош како заем што треба да се врати

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ја признае претходно одобрената американска воена помош како заеми што треба да се вратат.

„Ние сме благодарни за поддршката, но ова не е заем и нема да го дозволиме тоа“, рече Зеленски, коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „неговата земја е ограбена бидејќи не ја дала оваа помош како заем“.

Тој потврди дека договорот за создавање заеднички инвестициски фонд за развој и обнова на Украина со САД нема да содржи никакви долгови на Украина кон САД, а исто така вети дека ќе биде отворен во комуникацијата со јавноста за понатамошните преговори за нов формат на договорот за земјиште.

„Главните, основни работи, компромисите се зацртани во рамковниот договор, на кој бевме подготвени да одиме. Ќе се базираме на јасни работи, каде што гледаме можност за градење вистинско партнерство“, рече Зеленски.

28.03.2025 - 23:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега