Зеленски: Нема доволно силен одговор од светот на руските убиства на цивили

 


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди убиствата на украински цивили од страна на руските сили

Нема доволно силен одговор од глобалните актери на убиствата на украински цивили, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во врска со убиствата на жителите на селото Јарова во регионот Донецк кои чекаа во ред за пензии.

„Ова е само еден од многуте удари што Русите им ги нанесуваат на Украинците секој ден - на нашиот народ, на нашата држава. Русите продолжуваат да убиваат и ужасно е што нема доволно силен одговор од глобалните актери. Токму ова Путин го гледа како дозвола за продолжување на борбата, ако нема силен притисок, ако нема доволно силен одговор“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, објави Укринформ.

Според Зеленски, без нови санкции, нема да има напредок во дипломатијата и во сите напори за завршување на војната.

„Времето е исто така важно. Предолго време немаше зголемен притисок врз Русија што би ја погодил забележливо и без одлагање руската воена машинерија - токму оние индустрии и области што имаат влијание врз агресијата“, рече Зеленски.

Руските сили фрлија водена воздушна бомба врз селото Јарова, а во нападот загинаа 24 цивили, а 19 беа повредени.

09.09.2025 - 22:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега