Зеленски: Илјадници странски војници ќе бидат распоредени во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по денешната средба со претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, изјави дека распоредувањето на илјадници странски војници во Украина се дискутира како дел од повоените безбедносни гаранции за Киев.
– Важно е што разговараме за сето ова. Да, дефинитивно (странските војници) ќе бидат илјадници, а не само неколку. И тоа е факт, посочи Зеленски.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера изјави дека 26 земји се обврзале да обезбедат повоени гаранции за безбедноста на Украина, вклучувајќи ги и меѓународните воздушни, копнени и морски сили.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сите западни војници распоредени во Украина би биле легитимна цел на руските напади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа