Завршија анализите: Водата во Скопје е безбедна за пиење

 


Примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје од минатата недела, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 18 до 22 август 2025 година земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се наведува во соопштението.

25.08.2025 - 11:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега