Заврши состанокот на делегациите на САД и Русија во Саудиска Арабија
Завршија едноневните разговори меѓу американските и руските официјални лица во Саудиска Арабија. Засега нема официјални информации дали двете страни постигнаа договор или само постигнат е напредок за прекин на огот на море меѓу Киев и Москва.
Руски извор изјави за Ројтерс дека нацрт-заедничката изјава е испратена до Москва и Вашингтон на одобрување, со план да биде објавена утре.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека нема да бидат потпишани никакви документи, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.
Додека преговорите сè уште беа во тек, руски ракетен напад погоди училиште и болница во градот Суми, при што беа повредени најмалку 88 лица, соопшти локалниот совет.
-Москва зборува за мир, а во исто време брутално ги напаѓа густо населените станбени области на големите украински градови. Наместо празни изјави за мир, Русија мора да престане да ги бомбардира нашите градови и да ја запре војната против цивилите изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа