Заталкан куршум оштетил возило во Чаир

 

Вчера во 11:50 часот во СВР Скопје, 46-годишната Е.М. од Скопје пријавила дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Чаир паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило покривот од нејзиното патничко возило „опел“.

„Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

14.04.2025 - 23:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега