Запленета марихуана на Табановце, уапсен белгиски државјанин
Вчера во 11:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.М.(41) од Белгија.
При гранична контрола и проверка, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена марихуана и семки од растението канабис.
Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
17.09.2025 - 10:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа