Запалена келија во затворот во Битола, притвореници се носат во други казнено-поправни установи
Запалена е келија во притворското одееление во затворот во Битола пишува „Макфакс“.
Според првичните информации опожарена е една келија но нема повредени.
Иако е непознато како настанал пожарот сомнежите се дека тоа го сториле притворенеците кои биле сместени таму.
Притворското одделние во Битола е реновирано и има централен систем за вентилација. Чадот од келијата се пренел и во другите простории.
Според „Макфакс“ притвореници се разместуваат низ други затвори во кои има притворски одделенија.
Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
11.07.2023 - 22:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа