Западните земји испратија стотици тенкови во Украина

 


Во текот на изминатите три години од војната во Украина, голем број земји дадоа значителна воена помош, донирајќи стотици тенкови за зајакнување на украинските вооружени сили во одбрана од руската агресија, пренесува ХРТ.

Според податоците на Килскиот институт за светска економија (IFW), Полска е убедливо најголемиот донатор, која на Украина и испорачала дури 354 тенкови. Меѓу нив има повеќе од 200 тенкови Т-72М1, околу 140 ПТ-91 и десетина Леопард 2А4. Холандија е на второ место по бројот на донирани тенкови со вкупно 104 тенкови, главно модели Т-72Б и Леопард 2А4.

Водечки донатори се Данска со 77 и Соединетите Американски Држави со 76 тенкови, вклучувајќи ги моделите Leopard 1A5, Leopard 2A4 и M1 Abrams. Чешка донираше 72 тенкови Т-72 од различни модели, додека Германија испрати 60 тенкови, главно Леопард 2А6, 2А4 и 1А5. Австралија обезбеди 49 тенкови М1 Абрамс.

На списокот на донатори е и Хрватска која донираше 30 тенкови М-84. Сличен придонес имаа и Шпанија со 29 и Словенија со 28 тенкови. Велика Британија обезбеди 14 тенкови, додека Шведска (10), Канада и Норвешка (по 8) и Португалија (3) испратија помали количества борбени возила.

11.03.2025 - 11:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега