Захарова: Русија сама ги крои своите потези, без оглед на надворешниот притисок

 


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, утрово изјави дека Москва сама ќе одлучи за своите потези, без оглед на надворешниот притисок.

„Формирањето на ставот на Руската Федерација не се случува во странство поради некои договори или напори на некои страни“, рече Захарова, очигледно мислејќи на вчерашниот договор меѓу САД и Украина.

„Позицијата на Руската Федерација се формира во рамките на Руската Федерација“, рече таа.

12.03.2025 - 09:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега